Според „Daily Mail“ околу 5.000 хулигани влегле на „Вембли“ без билети

498

УЕФА покрена истрага против англиската фудбалска федерација поради катастрофални пропусти во организацијата на финалето на ЕУРО. Италија славеше против Англија по зиведување на пенали.

Два часа пред почетокот на мечот од оваа земја доаѓаа неверојатни видео снимки, на кои можеше да се види како навивачите физички се пресметуваат со редарите и полицијата, дел од нив влегоа без билети.

Најново кога станува збор за фановите доаѓа од „Daily Mail“, финалето на „Вембли“ го проследиле најмалку 5.000 хулигани кои влегле без карти.

Според последните информации, пред и за време на финалето биле уапсени 86 лица, 53 од нив биле приведени внатре во стадионот, додека 13 полицајци се повредени.

ПретходноПолувреме: Шкендија губи со 0:2, има и играч помалку (ВИДЕО)
СледноПетарда за тетовци: Шкендија ја снајде бура кај Мура!(ВИДЕО)