Само два дена по завршување на финалето на ЕУРО 2020 кое го доби Италија, медиумите во Англија пишуваат дека УЕФА покренала истрага против тамошната федерација.
Пред мечот меѓу Англија и Италија, фановите на домаќинот на финалето се обидоа да влезат на „Вембли“ без билети. Дел од нив успеаја да ја минат заштитната ограда и да стигнат до трибините. Обезбедувањето не можеше да го реши проблемот, па мораше да интервенира полицијата. Во целиот хаос кој траеше речиси два часа, уапсени се 83 лица, додека се повредени 19 полицајци.
„The Times“ објави дека навивачите обвинија дека дел од редарите пуштиле фанови без влезници, а меѓу нив биле и неколку хулигани. Дел од нив имале ножеви, им се заканувале на италијанските навивачи.
УЕФА ја терети англиската федерација за втрчување на навивачи на теренот, за фрлање на предмети на теренот, за исвиркување на химната на Италија, палење на бакљи надвор и внатре на стадионот.
За постетување, Англија најави кандидатура за СП 2030 година, одлуката ќе биде донесена на средината на 2022 година. Англиските медиуми пишуваат дека поради пропустите во финалето, нивната земја тешко ќе ја добие кандидатурата.
1/2
UEFA – Charges against The English Football Association:
• Invasion of the field of play by its supporters
• Throwing of objects by its supporters
• Disturbance caused by its supporters during the national anthem
• Lighting of a firework by its supportersplus…..
— Simon Stone (@sistoney67) July 13, 2021