Уште еден тенисер мораше да се откаже од настап на Лените Олимписки Игри во Токио. Роџер Федерер нема да го гледаме на ова големо натпреварување, причината е повредата на коленото.
Швајцарскиот тенисер жали што нема да ја претставува својата земја, а својата одлука ја соопшти на социјалните мрежи. Тој вели дека почнал со рехабилитација и се надева дека за брзо време ќе успее да се врати на терените, а на Швајцарија и посакува голем успех на ЛОИ во Токио.