Финансиската криза во Барселона, предизвикана од пандемијата, го прави своето и во атмосферата во тимот. Фудбалерите се незадоволни од управата на клубот пред се затоа што се намалуваат платите, но истовремено се прават нови трансфери.
Фудбалерите на Барселона ја разбираат потребата од намалувања на примањата, но сметаат дека е неоправдана високата активност на каталонскиот клуб на трансфер пазарот.
Во обид да ги смири фудбалерите, не е исклучена опцијата, во која Барса ќе им понуди на своите играчи уште неколку години според договорот во замена за пониска плата или исплати на обврските на рати.