Вечерва во Мурска Собота, екипата на Шкендија со почеток во 20 часот и гостува на Мура во реванш мечот од 1.квалификациско коло во Лигата на Шампионите. Тетовци се пред голем предизвик. Од Скопје имаат 0:1 и ако сакаат да одат натаму во квалификациите во ЛШ мора по секоја цена да победат. Познато е дека сега веќе не важи правилото за гол во гости, па така Шкендија ако сака “чист“ пласман без продолженија ќе мора да даде два гола.
Инаку без разлика што ќе направи четата на тренерот Ернест Ѓока вечерва, тоа нема да биде крај на евро – летото за нашиот шампион. Ако победи, тогаш ќе игра во 2.квалификациско коло во ЛШ со победникот од двомечот меѓу Лудогорец и Шахтјор Солигорск. Во случај пак на елиминиција, тогаш тетовци се селат во 2.квалификациско коло во Конференциската лига, и таму ќе игра со поразениот од двомечот меѓу Малме и Рига.