Македонскиот шампион Шкендија вечерва од 20 часот на стадионот во Мурска Собота ќе го одигра реванш мечот од 1. коло во квалификациите за ЛШ. Домашната Мура на првиот меч во Скопје изненади со победа од 1:0, па сега предизвикот е на страна на тетовските „црно-црвени“.
„Дефинитивно веруваме во пласман во следната рунда, бидејќи тоа го докажавме на првиот натпревар во Скопје. Имавме лоша среќа што не успеавме да го погодиме голот и покрај тоа што имавме огромни шанси. Мура е физички силен тим и не случајно стана шампион на Словенија. Но, ние веруваме во нашите квалитети и во победата. Од тимот барам две работи, да биде поагресивен и да биде ефикасен пред голот, што значи оние шанси кои ќе ги направиме, мора да ги реализираме“, изјави пред средбата тренерот на Шкендија, Ернест Ѓока.