На нешто повеќе од час пред стартот на реваншот од 1.квалификациско коло во ЛШ, меѓу Мура и Шкендија, познати се стартните состави. Она што нас не интересира, тоа е дека стратегот на нашиот првак Ернест Ѓока направи една измена во однос на првиот меч, и тоа во нападот. Па така место Нафиу, мечот ќе го започне Бразилецот Игор. Во нападот се и, се разбира, Ибраими и Дориев.
Формацијата е 4-2-3-1, онаа вообичаена кога станува збор за Шкендија и Ѓока.
Тие 0:1 ќе се обидат да го надополнат Захов на голот, во одбраната тука се Мурати, Кривак, Бејтулаи и Павич. Како двајца последни играчи во средниот ред се Алими и Зејнулаи, лево ќе биде Дориев, десно Игор, а во средината Џака, додека во шпицот Бесарт Ибраими.