Абрамович не се откажува: Подготвил 175 милиони евра за Халанд

298

И по сите изјави на преставници на Борусија (Д) дека Ерлинг Халанд не е на продажба, Челзи е решен да го купи напаѓачот на бундеслигашот.

Германскиот венсик „Билд“ пишува дека сопственикот на Челзи, Роман Абрамович одвоил сума од 175 милиони евра за купување на играчот, што може да го направи Норвежанецот втор најскап трансфер во историјата.

Досегашниот рекорден трансфер во фудбалот е преселбата на Нејмар од Барселона во Пари Сен Жермен, во зделка која изнесуваше 222 милиони евра.

Халанд има договор со Германците до 30 јуни 2024 година, а директорот Цорк и вчера потенцираше дека го очекуваат Норвежанецот на подготовките и следната сезона тој да биде дел од екипата.

ПретходноНов колапс на Американците: И Австралија му зема мерка на „Дрим-Тимот“ (ВИДЕО)
СледноЗамина од Севиља за да се пресели во Олимпијакос