Баерн испрати официјална понуда за Киеза

807

Иако од таборот на Баерн Минхен велат дека немаат намера да даваат многу пари за големи трансфери, сепак желбата на баварците и новиот тренер Јулиан Нагелсман е Федерико Киеза. Офанзивецот на Јувентус, еден од најдобрите фудбалери на Италија на ЕУРО 2020, новиот првак на Стариот континент.

Имено како што откриваат медиумите во Германија, а посебно во Италија, Баерн испратил официјална понуда до Јувентус за Киеза, вредна дури 80 милиони евра, но раководството на најтрофејниот клуб во Сериа А, експресно ја одбило. Едноставно клубот од Торино не сака така лесно да остане без еден од своите адути во новата сезона во која Јуве сака по секоја цена да ја врати титулата во своите витрини.

ФОТО: forca juventus tvitter

ПретходноЖдрепката за новата сезона во ПМФЛ на 21 јули!
СледноПолувреме: Шкендија губи со 0:2, има и играч помалку (ВИДЕО)