Денот „Д“ за европската судбина на Вардар 1961

1551

Вардар 1961 се најде во „небрано“. Единствениот македонски претставник во Лигата на шампионите може да остане без своето место во европската клупска елита.

По објавување на учесниците во ова натпреварување, ЕХФ од раководството на „црвено-црните“ побара депозит од еден милион евра. Вардар 1961 истиот треба да го исплати на две рати, а ракот за првата рата истекува тoкму денеска.

ЕХФ не ја кажа сумата на првата рата, но со оглед дека станува збор за две и сума од 1 милион евра, најверојатно македонскиот клуб ќе треба да уплати 500.000 евра.

Доколку тоа не го стори, од ервопската „куќа на ракометот“ веќе го објавија името на тимот кој ќе дојде на местото на Вардар 1961. Станува збор за Горење Велење од Словенија. Со назначувањето на „резервната“ опција, првите луѓе на ЕХФ покажаа дека се сериозни во своите намери.

Ако денеска Вардар 1961 ја исплати првата рата, вториот дел од депозитот ќе мора да го плати до 27. јули.

„Црвено-црните“ се вториот македонски тим од кого ЕХФ побара депозит. На Металург им беше побарана сума од 50.000 евра. Откако раководството на тимот се „пресмета“ одлучи да се повлече од Европската лига, местото му припадна на Бутел Скопје.

 

ПретходноАтлетико го потврди трансферот: Де Пол е нов фудбалер на „јорганџиите“
СледноДонарума: Немав поим дека сме европски шампиони