Како што веќе и официјално е потврдено, новата, јубилејна 30-та сезона во ПМФЛ во самостојна Македонија ќе се започне на 7/8 август. И оваа сезона ќе се натпреваруваат 12 екипи, а распоредот, односно ждрепката за новата сезона ќе се одржи на 21 јули во просториите на ФФМ.
Да кажеме дека Пелистер ќе направи напор сепак да се најде во елитата и да го одигра првенството 2021/22, барем такви се најавите од Битола.
Покрај Пелистер,во новата сезона во ПМФЛ ќе се натпреваруваат и Шкендија, Шкупи, Струга ТЛ, Македонија ЃП, Работнички, Академија Пандев, Борец, Ренова, Брегалница, Тиквеш и Скопје.