Женската кошаркарска репрезентација на Македонија за играчи до 20 години е убедливо поразена на стартот на „Челинџерс“ натпреварувањето во Скопје. Нашите младинки загубија од своите врснички од Луксембург со убедливи 55:79 во првото коло на натпреварувањето.
Освен во вториот период во кој одигравме егал со противничките, нашата репрезентација беше инфериорна во преостанатите три делници. Особено се почувствува разлика во финалната четвртина која Луксембург ја доби со 16 поени разлика.
Митрева со 16 поени беше најефикасна во нашиот тим, додека Секуловска и Тасевска постигнаа по 10.