На штотуку завршениот Грен слем турнир Вимблдон, на кој по шестипат победи Новак Ѓоковиќ, и не било се така чисто. Ова денеска го тврди германскиот весник “Ди Велт“, кој излезе со информација дека најмалку два меча биле наместени. Едниот бил во машки двојки, а вториот бил во машка поединечна конкуренција. Сепак не се наведува на кои играчи “Ди Велт“ се сомнева дека биле “местачите“.
Во двојки двајцата тенисери првиот сет го добиле многу лесно, а потоа двата други сета ги изгубиле во меч на кој имало огромна уплата. Во поединечна конуренција и тоа во 1.коло се наведува дека едниот од тенисерите бил Германец, но тешко е да се каже кој е зошто во таа фаза имало дури седумина германски тенисери.
Сепак веќе два дена има паника кај германските тенисери.
ФОТО: Vimbledon Twitter