Нов колапс на Американците: И Австралија му зема мерка на „Дрим-Тимот“ (ВИДЕО)

342

Австралиската кошаркарска репрезентација славеше на синоќешниот тест-дуел со САД со 91:83 во Лас Вегас, со што му го нанесоа и вториот пораз за само три дена на главниот конкурент за златото на ЛОИ во Токио.

Пред само неколку дена Американците беа сензационално поразени и од Нигерија со 90:87. Да бидат работите уште полоши за Американците, ова е првпат да претрпат два порази по ред на подготвителните натпревари од 1992 година.

„Кенгурите“ ја изненадија екипата на Грег Попович и им испратија последно предупредување пред Олимписките игри во Токио, покажувајќи дека и овој НБА состав е ранлив.

Австралија практично губеше цел натпревар, но направи пресврт во последните пет минути, најмногу благодарение на Пети Милс кој зварши со 22 поени и Џо Инглс со 17.

Кај САД најдобри беа Демијан Лилард со 22 и Кевин Дурент со 17 поени. Следната проверка на САД е во среда против Аргентина.

ПретходноСкандал во Атина: Галатасарај итно ја напушти Грција поради „дрскиот“ однос на цариниците
СледноАбрамович не се откажува: Подготвил 175 милиони евра за Халанд