Пелистер ќе игра во ПМФЛ, ако треба и со младинци!

2227

Се чини ништо од тајните желби на Силекс и Вардар, еден од овие два клуба во следната сезона сепак да игра во ПМФЛ и тоа на местото на Пелистер. Имено, барем според нашите информации, раководството на клубот има намера во следните два дена сепак да регистрира 12 професионални фудбалери, па макар тие биле и младинци, се со цел да може да се натпреварува во ПМФЛ.

Значи Пелистер нема шанси на никого да му го отстапи местото во елитата, има намера да игра прволигашки фудбал па макар тимот бил составен само од младинци. Ќе ја започне сезоната во ПМФЛ со надеж дека во блиска иднина работите ќе се средат во клубот и дека сепак некој спонзор ќе почне да вложува во спортската гордост на Битола.

Инаку подготовките на екипата, барем на тие играчи што останаа во Пелистер како Маневски, Размоски, Бошковски и други, веќе се одработуваат една недела.

ПретходноМевљан Мурати: Сите во Шкендија веруваме во победа!
СледноНови детали: Перез ја озборувал и Сара на Касилјас