Стандардно англиска глупост, го тетовираше пехарот од ЕУРО и сега? (ВИДЕО)

1067

Речиси на секој голем фудбалски турнир, ама без исклучок ќе се појави навивач на репрезентацијата на Англија, кој пред време ќе стави тетоважа со пехарот од турнирот и Англија како освојувач, а не е исклучок од ова ниту штотуку завршеното ЕУРО.

Извесен Луис Холден ја продолжи оваа „традиција“ и стави тетоважа од пехарот и Англичаните како шампиони, а откако „Гордиот Албион“ го загуби финалето од Италија на Вембли, сеха Холден како што и обично што се случува со ваквиот вид навивачи е мета за исмевање.

Англичаните засекогаш ќе го помнат ова финале, и пораз, затоа што се случи на нивен терен, а Луис Холден ќе има и дополнителен „доказ“ да се сеќава на еден од најтешките порази во историјата на Англискиот фудбал.

ПретходноОдбрани се најдобрите единаесет на ЕУРО
СледноШкендија ако не ја мине Мура ќе оди во 2.квалификациско коло во Конференциската лига!