Федерер го откажа настапот на ЛОИ во Токио

174

Уште еден тенисер мораше да се откаже од настап на Лените Олимписки Игри во Токио. Роџер Федерер нема да го гледаме на ова големо натпреварување, причината е повредата на коленото.

Швајцарскиот тенисер жали што нема да ја претставува својата земја, а својата одлука ја соопшти на социјалните мрежи. Тој вели дека почнал со рехабилитација и се надева дека за брзо време ќе успее да се врати на терените, а на Швајцарија и посакува голем успех на ЛОИ во Токио.

ПретходноРенова го „врза“ својот талент Азиз Јамини со тригодишен договор
СледноЃока со Игор, Ибраими и Дориев ќе ја напаѓа Мура!