Тренерот на Шкупи, Гоце Седлоски, на официјалната прес-конференција пред утрешниот меч со Лапи во конференциската лига, кажа дека резултатот од 2:0 ништо не значи, и дека неговиот тим ќе оди на победа и на реваншот, но и дека ќе мора да ја поправи играта од првиот меч.
„После тие 90 минути игравме во Скопје, дојде и овој натпревар за кој сме добро подготвени. После првиот меч реков дека не сум задоволен од играта. Тука сме да ја оствариме целта. Стоиме на земја и започнуваме од нула. Им реков на играчите дека резултатот од 2:0 не значи ништо, и дека мораме да работиме напорно за да се вратиме со победа од Приштина“, рече Седлоски.