Македонската репрезентација денеска го почнува базичниот дел од подготовките кои ќе ги одработи во туристичкиот центар Маврово.
Таму, нашиот сениорски национален тим ќе остане на повисока надморска висина до 21 јули кога ќе се врати во Скопје и ќе почнат активностите околу подготвителните натпревари.
Покрај стручниот штаб, предводен од селекторот Драган Бајиќ, неговите асистенти, Александар Јончевски и Адмир Прасовиќ, кондицискиот тренер Алекандар Кукриќ, во автобусот за Маврово се најдоа и: Андреј Магдевски, Кристијан Николов, Бојан Крстевски, Адем Мекиќ, Бојан Трајковски, Бобан Стајиќ, Горјан Марковски, Дамјан Робев, Виктор Ефремовски, Андреј Андоноски, Марко Миловановиќ, Лејсон Зекири, Валмир Какруки, Андреј Настовски, Оливер Двојковски, Теодор Симиќ.
Од 12. до 18. август, Македонија ќе ги игра натпреварите во претквалификациската група во која за противници ги имаме селекциите на Словачка и на Швајцарија. Првопласираните две селекции на турнирот во Скопје, ќе се пласираат во оние главни квалификации за пласман на Светскиот Куп во 2023 година.