Фудбалерите на Џенова ги стартуваа летните подготовки за новата сезона. Недостига нашата фудбалска икона Горан Пандев. кој се уште нема официјално одлучено дали и следната сезона ќе игра фудбал и ќе го носи дресот на тимот од Џенова.
Јасно е дека Пандев се прости од репрезентацијата, но сеуште се двоуми дали да одигра барем уште една година во дресот на Џенова.
Има најави дека тој набргу би можел да ја прифати отворената понуда на првите луѓе на клубот и да потпише едногодишен договор.
Во Џенова играчите го чекаат Македонецот…
За Пандев свој коментар има Франческо Касата, младиот играч за врска:
“Почнавме со тренинзи, го чекаме Пандев. Од она што можев да го разберам тој е на одмор, а разбрав дека ќе продолжи да игра за Џенова. Сака да се прости со сезона во која ќе има гледачи на трибините. За мене тој е ми е како татко, сите не прави да бидеме подобри, го чекаме со раширени раце“ изјавил фудбалерот на Џенова.