Некогашниот македонски младински репрезентативец, а сегашен член на тимот на Струга Трим Љум, Бесмир Бојку е оптимист пред утрешниот меч од квалификациите за конференциската лига против екипата на Лиепаја од Летонија. Мечот од 17:00 часот на комплексот Петар Милошевски е реванш по оној кој Стружани го одиграа на гости и во кој не загубија туку извлекоа реми 1:1.
Ова секако дека е голема шанса за тимот на Теим Љум да постигне историски успех, иако тоа нема да биде воопшто лесно.
„Јасно е дека се среќаваме со квалитетем тим. Одличен тим, организиран тим. Мислам дека и ние и противникот имаме подеднакви шанси за да минеме понатаму, иако пред овој двомеч малку кој ни даваше шанси дека ќе можеме против овој ривал. На терен е сосема нешто поинаку. Ќе биде тешко, но сум оптимист дека на крајот ние сме тие кои ќе се радуваме. Сите сме оптимисти, од управа, преку стручен штаб, до играчи и мислам дека утре ќе се радуваме“- изјави Бојку.