Велешта се пофали со Велинов!

338

Стојанче Велинов и официјално е ново име во редовите на Велешта, клуб кој и во следната сезона ќе се натпреварува во Втората лига – запад. Раководството на Велешта го промовираше своето големо засилување, со надеж дека и во следната сезона, како и во минатат, овој тим ќе игра видна улога во оваа второлигашка конкуренција.

Инаку Велинов, кој има 31 година, е некогашен играч на Осогово, Брегалница, Силекс, Работнички, Ренова, потоа играше и во Охрид и во други клубови.

Со него во тимот секако дена Велешта ќе има добар офанзивен ред.

ПретходноЛејсон Зекири: Може без проблем да ги минеме квалификациите!
СледноЛапи има премија од 30.000 евра по играч ако го елиминира Шкупи!