Македонската женска кошаркарска репрезентација до 20 години го запиша вториот пораз на ФИБА „Челенџер“ турнирот кој се игра во Скопје. Избраничките на селекторот, Саша Димитријевиќ беа совладани од фаворитот Романија со убедливи 78-55.
По релативно подобрата прва четвртина, младинките паднаа во вториот период, постигнаа само четири поени, наспроти противникот реализираше 21 поен. На одморот беше 47-25, негатива од која Македонија не успеа да се врати.
Тијана Митрева со 20 поени беше прв стрелец во нашите редови, Теона Поп Стојанова реализираше 11 поени и 8 скока.