Шпанските медиуми овие денови постојано пипуваат дека Барселона сака да го продаде Антоан Гризман ова лето.
Шпанските медиуми овие денови постојано пипуваат дека Барселона сака да го продаде Антоан Гризман ова лето.
Гризман во каталонскиот тим дојде како големо засилување пред две години од Атлетико Мадрид за 120 милиони евра, но не успеа да ги оправда очекувањата на раководството на клубот.
Иако неодамна изјави дека намера да ги напушти редовите на каталонскиот тим, сепак сето ова најјверојатно ќе се промени. Шпанците тврдат дека Барселона и Атлетико ги договориле сите детали за размена, а францускиот фудбалер веќе ги спакувал куферите.
Во „трампата“ на двата тима покрај Гризман е вклучен Саул Нигез, кој секако ќе зема помала плата, нешто што му одговара на Лапорта. Гризман во моментов заработува 25 милиони евра по сезона, додека пак Нигез ќе зема шест милиони.
Францускиот напаѓач во овој момент е на одмор, се чека да даде „зелено“ светло за да тимот од Мадрид да почне со преговори.