Беласица потпиша две нови имиња пред стартот на новата сезона во која главната цел е враќа во „елитата“.
Раководството на клубот се договори со Христијан Делевски кој игра на позиција централен дефанзивец и Стефан Митрев кој игра на позиција голман.
„ФК Беласица се засили со двајца нови фудбалери, кои ќе помогнат во зацртаната цел на клубот за претстојната сезона. Христијан Делевски кој игра на позиција централен дефанзивец и Стефан Митрев кој игра на позиција голман, се новите аквизиции на плаво – белите.
Им посакуваме успешна сезона на Христијан и Стефан“, сопштија од таборот на второлигашот.