Донарума позираше со дресот на ПСЖ

215

Она што беше најавено, денеска се оствари. Џанлуџи Донарума како слободен агент го засили тимот на ПСЖ, со кој потпиша петгодишен договор, според кој ќе заработува нешто околу 12 милиони евра од сезона.

Донарума откако ја освои европската титула со Италија, отпатува во Париз каде беше комплетиран целиот договор, откако претходно стана јасно дека екс голманот на Милан ќе биде нов чувар на мрежата на „светците“.

Претходно овој тим се засили и со Хакими, Рамос и Вајналдум, со што покажува дека не само што сака да ја врати титулата од францускиот шампионат, туку ќе го напаѓа и трофејот во Лигата на шампионите.

ПретходноМакедонија ЃП од водство до „реми“ против Ингулец
СледноМладинките во финишот поразени од Холандија