Каваи Ленард го оперираше коленото, пауза на неодредено време

184

Ѕвездата на ЛА Клиперс, Каваи Ленард беше опериран по делумната руптура на предниот вкрстен лигамент на десното колено. Според извештаите на американските медиуми, тој ќе биде надвор од терените на неодредено време.

Ленард се повреди на натпреварот бр. 4 од серијата од второто коло против Јута (4-2) и го пропушти остатокот од плејофот на Клиперс.

Првично му беше дијагностицирано истегнување, но Клиперс стравуваа од повреда на предниот вкрстен лигамент, по што мораше да се направи интервенција.

Петкратниот Ол-стар играч може да стане слободен агент оваа сезона, доколку ја отфрли опцијата за потпис на договор од 36 милиони долари за сезоната 2021/22.

ПретходноТаткото на Мегваер настрадал во тепачките пред финалето на „Вембли“
СледноНови аудио снимки од Флорентино Перез: „Роналдо е луд, болен идиот!“