Играчкиот ростер на ФК Победа е квалитативно подигнат на повисоко ниво со двете последни засилувања. Од вчера и официјално нови членови на Победа се Даниел Карчески и Христијан Кукески.
На двајцата добредојде во клубот и успешни настапи во црвено-белиот дрес им посака претседателот на клубот Емил Јанески.
По двегодишни настапи во прволигашката конкуренција и тоа со завиден успех во дресот на Силекс, Даниел Карчески се врати во матичниот клуб. 29-годишниот фудбалер несомнено ќе биде големо засилување на Победа и тоа на најневралгичната позиција во тимот изминатите две второлигашки сезони.
Нов член на Победа е и 27-годишниот Христијан Кукески. Се работи за добро познат играч на прилепските љубители на фудбалот низ годините настапи како бескомпромисен борец во дресот на 11 Октомври, Обршани, неколку сезони во швајцарски клубови а оваа измината пролет во дресот на Слога Виница.