Конечно победа: Американците во третиот обид до прва победа

298

По два последователни порази, американската кошаркарска репрезентација ја прослави првата победа во подготовките пред настапот на Олимписките игри во Токио. САД ја совладаа Аргентина со 108:80 во меч во кој делуваа многу подобро, отколку на поразите од Нигерија и Австралија.

Кевин Дурент и Бредли Бил одиграа одличен меч за тимот на Грег Попович реализирајќи по 17 поени. Дури пет американски кошаркари постигнаа двоцифрен број поени. Зак Лавин постигна 15, Дамијан Лилард 13, а Бам Адебајо имаше 12.

За Аргентина, 41-годишниот Луис Скола постигна 16 поени.

ПретходноСиригу се сели на голот на Атлетико (М)
СледноЏиџи Донарума емотивно се збогуваше со навивачите на Милан (ВИДЕО)