И покрај поразот од Шкупи во Скопје со 2:0, и тоа на првиот меч од 1.квалификациско коло во Конференциската лига, екипата на Лапи, тимот од Косово се чини дека нема намера така лесно да се предаде. Барем така сметаат првите луѓе на клубот.
Имено факт е дека нашиот тим е далку поквалитетен и ќе биде сензација ако не мине понатаму, во пресрет на утрешниот реванш во Приштина, кој започнува во 20 часот, на играчите на Лапи им е ветена премија од по 30.000 евра по играч. Тоа го пишуваат медиумите во Косово.
Навистина фрапантно, имено тоа е голема премија за оваа фаза, посебно ако се знае дека Лапи од УЕФА за играње во првото квалификациско коло ќе земе само 150.000 евра, а пласманот во следната фаза ќе изнесува плус 350.000 евра.
Значи сите пари заработени од УЕФА ќе одат на премии за играчите.
Ова им го ветил првиот човек на клубот Бакир Бататина.
И покрај се, овие најави треба да им дадат до знаење на чаирчани дека не треба да се опуштаат на утрешниот реванш.