Иако во текот на 38 минути имаа предност над Холандија, ракометната репрезентација до 19 години загуби од Холандија со 25:29 за уште покомплицирано место за пласман во полуфиналето во ЕХФ шампионатот.
Одличниот старт и водството од пет разлика на моменти, не значеше ништо, затоа што Холанѓанките брзо се враќаа во ритам. На полувремето нашата репрезентација имаше два разлика (12:10).
На стартот од вториот дел се играше гол за гол, се до 49. минута кога Холандија го превзеде водството. Тоа влијаеше на нашире ракометарки, па како одминуваше времето грешките беа поголеми, а Холандија даваше голови за во еден момент да стигнат и до пет позитива (23:28).
Потоа Македонија со два гола се обиде да се врати, но не успеа.
Моленар со 9 гола беше најефикасна кај Холандија, додека кај Македонија се истакна Коларовска со седум погодоци.