Младинките на тежок испит по ремито со Фарски острови

235

По ремито против Фарски острови во второто коло на ЕХФ шампионатот и пропуштената шанса за чекор кон полуфиналето, македонската младинска женска репрезентација ја чека тешка задача.

Избраничките на Љубомир Савевски ќе ги одмерат силите против фаворитот во нашата група, селекцијата на Холандија. Станува збор за противник кој нема пораз, ги совлада Босна и Косово.

Со победа на оваа средба, нашите девојки веќе ќе имаат место во полуфиналето, пораз ќе значи неизвеност, но не и загубени шанси. Но, сега е рано за математики.

Натпреварот со Холандија се игра со почеток во 20:30 часот во СЦ „Јане Сандански“.

ПретходноДалевски и Митрев ја засилија Беласица
СледноПознати се сите детали, Меси потпишува до крајот на неделата