Селекторот на македонската женска репрезентација до 20 години, Љубомир Савевски ќе има плус ракометарка на располагање на дуелот против Холандија. Во составот се враќа Андреа Седлоска, која поради повреда не настапи на првите две средби против Босна и Фарски Острови.
Седлоска ќе биде и тоа какво освежување во „црвено-жолтиот“ дрес. Македонија вечерва (20:30 часот) ќе го одмери силите со фаворитот во групата, па Андреа (сениорска репрезентативка) може биде „џокерот“ на овој дуел. Холандскиот селектор немаше шанса на дело да ја види нашата репрезентативка.