Шпанските медиуми објавија аудио записи на актуелниот претседател на Реал Мадрид, Флорентино Перез, во кои тој брутално навредува многу фудбалери на својот клуб.
После навредите кои првиот човек на клубот ги испраќа кон легендите на клубот Икер Касиљас и Раул Гонзалес од 2006 година во кои ги нарекува најголеми измамници, „Ел Конфиденцијал“ сега објави нови снимки.
Перез наводно сега ги навредувал Кристијано Роналдо, Жозе Мурињо и уште еден Португалец кој некогаш го носеше дресот на „кралевите“, Фабио Коентрао.
„Кристијано е луд. Овој човек е идиот, болен. Дали мислите дека ова момче е нормално? Не може да биде нормален кога го прави сето ова”, вели Флорентино Перез.
За Мурињо, пак, вели:
„Кристијано и Мурињо се луѓе со огромно его. Двајцата се разгалени и одбиваат да ја прифатат реалноста. Ако беа малку поинакви, можеа да заработат уште повеќе пари. Мурињо е ненормален”.
Реал ги негираше обвинувањата дека Перез ги навредувал легендите на клубовите и тврди дека работите објавени во медиумите немаат никаква врска со вистината.