Познати се сите детали, Меси потпишува до крајот на неделата

294

Лионел Меси и дефинитивно нема да ја напушти Барселона. Аргентинскиот фудбалер до крајот на оваа недела треба да стави потпис на петгодишен договор со каталонскиот гигант, тимот каде ја мина целата своја кариера.

Меси нема да ги мине сите пет сезони во дресот на Барса, последните три ќе замина во МЛС лигата како амбасадор на клубот. Откупната клаузула е намалена од 700 на 600 милиони евра, но јасно е дека никој нема да може да плати за неговите услуги.

Искусниот фудбалер не само што ќе ја продолжи соработката, тој се согласил да игра за нешто помала плата, поточно во првата сезона од договор ќе заработува 20 милиони евра. Следната година треба неговата плата да биде поголема, заедно со дополнителни бонуси.

ПретходноМладинките на тежок испит по ремито со Фарски острови
СледноПреку 11.000.000 денари заминаа во Прилеп, благодарение на СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ