Поради Ковид-19: Спортистите на ОИ сами ќе си ги ставаат медалите на врат!

107

ОИ во Токио ќе се одржат и повеќе од сигурно (од 23 јули до 8 август), но тие ќе бидат далеку од она што треба да бидат. Во многу работи традицијата ќе се менува и се поради тој проклет Ковид-19, имено пандемијата во последно време во Јапонија одново е во налет.

Најважната промена ќе биде, по малку бизарно, при доделување на медалите. Имено нема да биде како порано официјалните лица и познати личности на најдобрите да им ги ставаат медалите на врат, нема да има ниту ракување или гушкање.

Ова го потврди Томас Бах, првиот човек на МОК.

Медалите на спортистите нема да им се ставаат на врат. Тие ќе бидат донесени во нивна близина а потоа самите спортисти ќе можат да си ги земат и да си го стават на врат. Лицата кои ќе ги донесат медалите ќе носат дезинфицирани ракавици. И тие и спортистите при победничката церемонија задолжително ќе носат маски“ изјави Бах.

ПретходноКарчески се врати во Победа, ново име и Кукески!
СледноБрегалница во финишот испушти победа над Графичар