Пилотот во Формула 1, Ландо Норис изјави дека бил ограбен по натпреварот од финалето на Европското фудбалско првенство во Лондон.
Норис останал неповреден, но „потресен“ од инцидентот. Неговиот тим Мекларен потврди дека се случил инцидент и изрази задоволство што сè поминало добро.
Безбедносните мерки околу стадионот Вембли се мета на критики во јавноста, поради тоа што се случија бројни инциденти за кои и УЕФА покрена сопствена истрага.