Неполн месец по седмиот, освоен е и осмиот СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ на Видеолотарија Касинос Австрија и тоа во вредност од 11.133.181,00 денари. СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕК овој пат е освоен во Прилеп, а нашиот нов добитник фантастичната добивка ја регистрира на 9 јули, во 20.30 часот.
Тој посака да остане анонимен, но ни раскажа нешто околу тоа како се чувствувал. Со оглед на фактот дека ова е најголемата добивка која некогаш ја освоил, тој сè уште е возбуден и под силни импресии и допрва ќе му треба време да реши и да испланира како ќе ги потроши парите. Дошол да игра, затоа што имал некое претчувство тој ден, па за да си ја реализира интуицијата играл на два различни терминали. Едниот од нив бил вистинскиот.
Овој нов СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ доаѓа откако минатата недела добивме тројца освојувачи на МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ со збирна вредност од околу 4,5 милиони денари. Добивките на Видеолотарија Касинос Австрија ќе продолжат да бидат вистинско освежување во летните горештини.
#ИграјЗаЗабава #ИграјОдговорно