Седлоски: Почнуваме од „нула“, резултатот од 2:0 не значи ништо

447

Тренерот на Шкупи, Гоце Седлоски, на официјалната прес-конференција пред утрешниот меч со Лапи во конференциската лига, кажа дека резултатот од 2:0 ништо не значи, и дека неговиот тим ќе оди на победа и на реваншот, но и дека ќе мора да ја поправи играта од првиот меч.

„После тие 90 минути игравме во Скопје, дојде и овој натпревар за кој сме добро подготвени. После првиот меч реков дека не сум задоволен од играта. Тука сме да ја оствариме целта. Стоиме на земја и започнуваме од нула. Им реков на играчите дека резултатот од 2:0 не значи ништо, и дека мораме да работиме напорно за да се вратиме со победа од Приштина“, рече Седлоски. 

ПретходноГолот на Шик прогласен за најубав на ЕУРО (ВИДЕО)
СледноСкопје ја совлада Академија Пандев во пријателски меч