Екипата на Силекс денеска попладне го одржа тренингот на стадионот „Цимбру“ во Кишињев, каде утре ќе го одигра реванш натпреварот со Петрокуб, во рамките од 1. коло од Конференциската лига.
Кратовци се оптимисти дека може да стигнат до победата, со поправање на некои од грешките од првиот меч.
„Противникот го респектираме, но веруваме дека можеме да дојдеме до резултат кој ќе не однесе во следната фаза“, велат од кратовскиот табор.
Првиот дуел заврши 1:1, што значи дека на Силекс ќе му треба победа тука, или еветуално нерешено, па преку продолженија и пенали да се надева на пласман во следната рунда.