Суперкомпјутерот прогнозира кој ќе ја освои Премиерлигата за следната сезона!

420

Ништо ново во Англија, барем што се однесува до Премиерлигата и прогнозите околу тоа кој ќе биде првак за следната сезона во најсилната лига во светот.

Познатите медиуми на Островот со помош на суперкомпјутерот предвидуваат дека за сезоната 2021/2022 првак ќе биде одново Манчестер Сити. Тоа ќе биде четврта титула за Пеп Гвардиола во неговите пет сезони како стратег на “граѓаните“.

На второ место би требало да заврши Ливерпул, потоа следуваат Челзи, Манчестер Јунајтед, Арсенал, Тотенхем, Лестер…тука некаде завршува списокот на клубови на кои им се дава барем теоретски шанса за титулата во новата сезона.

Се предвидува дека сепак на Пеп нема да му биде така лесно како во минатата сезона кога неговиот тим просто доминираше. Се прогнозира дека Сити, Ливерпул и Челзи до последното коло ќе водат рамноправна битка за тронот, и сите три клуба на крајот ќе завршат со разлика од само два бода.

ПретходноПромоција на нашите олимпијци: Македонија ќе оди на злато во Токио!
СледноДалевски и Митрев ја засилија Беласица