Таткото на Хари Мегваер има силна болка во ребрата и отежнато дишење по ударите кои ги добил во мешаниците пред почетокот на финалето на Европското фудбалско првенство против Италија во неделата, пишува весникот „Сан“.
Како што е познато, навивачите се степаа едни со други и со обезбедувањето, а покрај тоа, стотици од нив упаднаа и на безбедносниот периметар на националниот стадион „Вембли“.
Полицијата соопшти дека има 19 вработени со полесни повреди, а уапсени се 86 лица.
„Мислам дека во една од навалите добил два удари во ребрата. Зборував со него и ми рече дека е исплашен. Не сакам некој да минува низ такво нешто кога ќе отиде да гледа фудбал. Особено на такви големи финалиња“, потврдил дефанзивецот.