Уругваецот не сака да се врати во Јунајтед

339

Уругвајското крило на Манчестер Јунајтед Факундо Пелистри го извести клубот дека сака да остане на позајмица во Алавес уште една сезона, пренесува весникот „АС“.

Шпанскиот тим исто така сака да го задржи крилото за следната кампања. Уругваецот пристигна во Јунајтед, на крајот од летниот преоден рок минатата година, но никогаш не запиша натпревар за првиот тим на „црвените ѓаволи“. Тој беше испратен во Алавес на позајмица и таму запиша 12 натпревари во Ла Лига. Тој во моментов започна со тренинзи со Манчестер Јунајтед, но јасно стави до знаење каде сака да игра следната сезона.

 

ПретходноВтор пораз: Романките пресилни за младинките
СледноДонарума изненади со бројот на дресот во ПСЖ