Шкендија во КЛ против екс – тимот на Седлоски и Жуниор!

2272

По дебаклот во 1.квалификациско коло во Лигата на Шампионите од Мура (вкупни 0:6), нашиот првак, тимот на Шкендија, и натаму ќе игра во фудбалска Европа. И тоа во 2.квалификациско коло во Конференциската лига, против Рига. Мечевите се играат на 22 јули во Рига, а една недела подоцна реваншот ќе се одигра во Скопје на Националната Арена “Тодор Проески“.

Интересно е што Рига е некогашен тим на Гоце Седлоски. Еден од нашите најдобри тренери пред три години беше стратег токму на Рига. Исто така во Рига играше до лани и Стенио Жуниор, легендардниот Бразилец кој во Шкендија минашест сезони и со тетовци освои се што можеше да се освои, а играше и во плеј – офот во Лигата на Европа. Сега Жуниор е играч на Партизани од Албанија.

Ќе видиме дали од Шкендија ќе побараат информации од Седлоски и Жуниор, пред се тренерот Ернест Ѓока за тоа што може и како игра Рига.

Од друга страна разочарувањето во Шкендија по се она што се случи во Мурска Собота е големо. Се знаеше дека Мура е силен тим, но ретко кој можеше да претпостави дека Шкендија ќе одигра така катастрофално и ќе биде елиминирана со вкупни 0:6 од шампионот на Словенија.

ПретходноВенко Филипче: На спортски натпревар може да има само вакцинирани гледачи!
СледноСениорите тргнаа за Маврово, таму ќе се одработи базичниот дел од подготовките