Јувентус ја одби и понудата на Челзи за Киеза, вредна 100 милиони евра!

297

Раководството на Јувентус се чини дека нема намера ниту да преговара, а камо ли да дозволи заминување на Федерико Киеза. Па така за само два – три дена, челниците на најтрофејниот клуб во Италија одбија две понуди за својот репрезентативец. Имено завчера беше одбиена понудата на Баерн Минхен вредна 80 милиони евра, а вчера, како што пишуваат медиумите во Италија и Англија, Јуве ја одбил и онаа на Челзи, која била вредна цели 100 милиони евра.

Факт е дека европскиот клупски шампион сака да го засили нападот. Томас Тухел ги сака и Киеза и Халанд, а газда Роман има намера и двајцата да му ги донесе.

Сепак ќе мора без Киеза, иако и Халанд вреди многу, дури 170 милиони евра, па така по се изгледа дека Тухел ќе мора да бара некое друго решение во нападот на Челзи за следната сезона.

ПретходноИталија и Аргентина ќе играат пријателска во чест на Марадона!
СледноПромоција на нашите олимпијци: Македонија ќе оди на злато во Токио!