Џиџи Донарума емотивно се збогуваше со навивачите на Милан (ВИДЕО)

488

Младиот херој на Италија, голманот Џанлуиџи Донарума официјално се прости од Милан со емотивна порака на својот Инстаграм профил. Тој денес се очекува да потпише договор со француски ПСЖ.

Донарума од поодамна стана јасно дека нема да остане во Милан и следната сезона, откако успеа да постигне договор со францускиот клуб и во Париз се сели како слободен играч.

„Некои одлуки се тешки, но тие се составен дел од растењето. Пристигнав во Милано кога бев само малку постар од мало дете. Овој дрес го носев со гордост осум години. Се боревме, страдавме, победувавме, плачевме, славевме со соиграчи и тренерите и секој што е дел или бил дел од овој клуб. Заедно со обожавателите кои се неизоставен дел од нешто што со години ми беше како семејство“, напиша Донарума и објави емотивно видео.

„Овие беа неверојатни години што нема да ги заборавам. Сега е време да се збогуваме. Не беше лесно да се донесе одлука, далеку од тоа, и тешко дека некогаш ќе можам да ја објаснам со зборови. Она што можам да го кажам е дека сега е вистинското време да се направи промена, да се соочиме со нови предизвици, да растеме и да станеме уште поцелосни“, дополни феноменалниот млад голман, најдобриот на штотукузавшеното Еуро 2020.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Gianluigi Donnarumma (@gigiodonna99)

ПретходноКонечно победа: Американците во третиот обид до прва победа
СледноПо финалето на Еуро 2020 на „Вембли“ ограбен возачот на Мекларен