Венко Филипче: На спортски натпревар може да има само вакцинирани гледачи!

1226

Иако пандемијата во овое летни денови драматично е намалена, властите на нашата земја се подготвуваат за она што следува во есенските месеци. Токму тогаш се очекува да се зголемат бројот на позитивните на Ковид-19 и тоа новите соеви.

Сепак се очекува во новата сезона, без разлика дали станува збор за фудбалот или другите спортови, на натпреварите да има гледачи, барем 30% од капацитетите на стадионите или салите.

Сепак натпревар ќе може да следат само вакцинираните, така изјави министерот за здравство Венко Филипче.

Имаме намера да воведеме еден вид на рестрикции. На пример вакцинален сертификат да покаже секо лице кои ќе сака да присуствува на спортски натпревар, на отворено или затворено.Тоа значи дека сите оние кои се невакцинирани не ќе можат да присуствуваат на настанотм без раслика дали станува збор за спортски или културен“ објасни Филипче.

Секако дека ова се прави и поради фактот населението масовно да се вакцинира се со цел да се избегнат дополнителните проблеми со Ковид-19.

ПретходноЛапи има премија од 30.000 евра по играч ако го елиминира Шкупи!
СледноШкендија во КЛ против екс – тимот на Седлоски и Жуниор!