Македонската женска кошаркарска репрезентација до 20 години со пораз го отвори ФИБА „Челенџер“ турнирот во Скопје.
На првиот меч, нашите девојки беа поразени од Луксембург, меч на кој бевме добри едно полувреме, а потоа темпото падна.
„Продолжуваме понатаму, јас овој турнир го гледам како подготовка за следното ЕП, пробуваме да корегираме некој работи, да смениме некои стари навики, и некој нивни стари размислувања. Колку ќе успееме во тоа ќе покаже времето“, вели селекторот Саша Димитријевиќ.
Македонија вечерва (21 часот) игра против Романија, противник кој е еден од фаворитите на овој турнир.
„Вчера одигравме добро, можам да кажам, некои 25 минути. Денеска ќе се обидеме да го зголемиме бројот на добри минути, но и да намалиме од техничките грешки кои вчера беа многу. Романија е фаворит не само на нашиот натпревар туку и на целиот турнир. Вчера беа слободни, и немавме можност да ги гледаме“.
Фокусот останува на нашите игри, вели Димитријевиќ.
„Ние се фокусираме на нас, да го дадеме максимумот, а секој натпревар од овој турнир го гледаме како можност за ново искуство и напредок“.