Калин „гази“ и во Милано, се пласираше во 1/8 финалето на Трофео Бонфиљио

2543

Младиот македонски тенисер, Калин Ивановски кој ја израдува нашата јавност со успешниот настап на овогодинешниот младински Вимблдон веќе на следниот турнир на кои настапува покажува дека успехот кај него не е само моментален туку дека се работи за одлична форма сезонава.

На турнито Трофео Бонфиљио во Милано, Ивановски во моментов стигна до осминафиналната фаза, откако во првото коло беше подобар од Дерик Чен од Велика Британија со 6:4, 6:4 за да денеска во 1/16 финалната фаза биде подобар од еден од главните фаворити на турнирот, русинот Михаил Гороков со 6:2 и 6:2 по сетови.

 

ПретходноДонарума пристигна во Париз, наскоро презентација во ПСЖ (ВИДЕО)
СледноКарчески се врати во Победа, ново име и Кукески!