ФК Вардар во моментов се реконструира, прегрупира и се обидува да се подготви што подобро за да следната второлигашка сезона ја мине што побезболно и веднаш се врати онаму каде што му е местото, нормално во „елитата“.
Вардар почнува малтене од почеток. Сеуште многу праѓања се отворени, а во изминатиот период секако до сите нас пристигнуваше информацијата дека најтрофејниот клуб има проблеми дури и со самата опрема со која треба да настапи.
Тоа е веќе минато, новото раководство стартуваше со набавка на нова опрема која ќе пристигне од Германија.
Спортмедиа ексклузивно објавува како ќе изгледа новиот дрес на ФК Вардар за следната сезона.